Среда, 11 Март 2020    Печати
ЗДРАВОРАЗУМЕН АПЕЛ

161

Васил МАНЕВСКИ
(Од стихозбирката АМАНЕТ)

ЗДРАВОРАЗУМЕН АПЕЛ

Подзапрете се, потргнете се
Потрчковци и подопашници
Погледнете се, засрамете се.

Доста се лепевте како мидери
Доста клатевте празни глави
Исто како вашите квази лидери.

Трева не никнува каде стапнете
Упропостивте и села и градови
Ненаситни, се сакате да лапнете..

Не ги признаваме вашите додавки
Разделивте браќа, соседи скаравте
Не ведите ни колку прчогази мравки.

Постојат уште здраворазумни луѓе
Стамени, горди со карактери цврсти
Што свое бранат, а не сакаат туѓе.

Иде време, народот веќе се буди
За лагите и кражбите и злоделата
Сигурно знајте, некој ќе ви суди.