Среда, 17 Јуни 2020    Печати
КУМОТ

1vas1

Васил МАНЕВСКИ

(Од стихозбирката ТЕСТАМЕНТ)

Нашиот народ има речено:
Пред Кум се вода не гази!
Нашиот кум за јагне печено,
Врз честа на државата згази.

Да угоди на туѓите интерси,
Потпишува штетни договори,
Уште не почнал да коле и беси,
Да има моќ и тоа би го сторил.

И се тоа во името на прогресот,
И на патот кон Европската цел,
Секаде лае, ржи, каса како песот,
Народот од него не виде ден бел.

Вели дека има демократски манири,
На телевизиските екрани се смешка,
Во државата наша демагогија шири.
Сам влетува од една во друга грешка.

Прашуваат луѓето дали ќе има спас?
Дали ќе се врати нормалниот живот?
Е, тоа, Македонци мои, зависи од нас,
Дали ќе се куртулиме од ова лудило.