Среда, 08 Јули 2020    Печати
ОДБРАНИ СЕ МАКЕДОНИЈО

1Gordana DimovskaАвтор: Гордана Димовска

ОДБРАНИ СЕ МАКЕДОНИЈО

Не, не велете "убаво" кога не е,

Не молчете, не веднете глави

Не чекајте друг да стане за вас

И да ве одбрани.

Се случи така во 1913

Умре гласот,

Молк.

Згасна светлина

Натежна мракот, уште не гони.

Македонецот се повеќе солзи рони,

За своето свето име жали и моли.

Вратете го името,

Не оставајте отворена врата

За новите кројачи на македонската карта.

Одбрани се Македонијо!

Каква немоќ или проклетство.

Не дишете само за да се одржите живи,

Не пеете само дека е убава песна

Разберете ја, вознесете ја,

Таа е богато духовно наследство

Ја воспева македонската сага

Не дозволете друг со неа да се гордее

Не дозволете да и се изгуби трага.

И неа и треба светлина и почит.

Одбрани ја песната Македонијо!

Зборувајте го, негувајте го

Јазикот Македонски,

Букви кирилични, писмо свето

Светлина им даде на милиони во светот.

Само со фактот дека постои

а не се негува и афирмира

се разнишува неговата цврстина,

која низ трновити патишта и денес

залута и не знае дали ќе опстои.

Одбрани го јазикот и историјата Македонијо!

Тој треба да свети

Како олимписки факел

Во чест на победоносните борби

На нашите претци за идеална татковина.

Македонија е идеална татковина

На Македонците – друга нема.

И јазикот е упориште, темел

Духовно наследство наше

Чија улога не треа да згасне.

Секое камче на македонско тло

Ја кажува вистината за Македонија

само да научиш да слушаш

да научиш да го почитуваш минатото,

крвта капната на нашите претци

за слободата во која живееш денес.

Нека бидат патоказ за тебе Македонијо.

Одбрани ја историјата Македонијо!