Среда, 02 Декември 2020    Печати
ТАКО ТИ БОГА, ДЕВОЈКО

123 0

„Тако ти Бога, девојко“ е првата македонска народна песна која потекнува од Костурско. Напишана е во 16-тиот век, а денес оригиналната верзија се чува во Ватиканската библиотека. 

ТАКО ТИ БОГА, ДЕВОЈКО

Тако ти Бога, девојко,
как те зовет на име?
О, друшко, ле, жиф ти очи,
ходи овамо зарви ме,
Твојто ти целивање,
ти се молам дарви ме,

Што си лепа, што си, ле, бела,
Што си бела, што те љубам девојко!

Ела мое паригорие,
да те целивам во устата,
Како овоштие ме мирисет,
Штото роди крушата,
Тако ти вишнего Бога,
Не ми везми душата.

Што си лепа, што си ле бела,
Што си бела, што те љубам девојко!

До кога серденце моја,
Скривом да се љубиме,
Со страхови преголеми,
Денови да се губиме,
Ела, станви, поврага, ходи,
Да се вземиме.

Што си лепа, што си ле бела,
Што си бела, што те љубам девојко!