Среда, 16 Април 2025    Печати
Саво Костадиновски : ВЕЛИГДЕН

1Savo Саво Костадиновски : ВЕЛИГДЕН

Велигдену, ти славна славо,

на големата христијанска вера,

те празнуваме со срце и душа

и те сакаме со бескрајна мера.

Христијански се поздравуваме:

„Христос воскресе“! - „Воистина воскресе!“,

со почит кон божјиот син,

кој спасение и надеж ни донесе.

Се оди во црква, се пали свеќа.

Се крсти пред сликата на Христа.

Моли за здравје и среќа,

секој верник со душа чиста.

Се бојосуваат јајца во црвена боја.

Крвта на Христос ја симболизира таа.

Сите верници на синот Божји

почит му изразуваат и оддаваат.