
Томе Вељановски
Родино моја, ти земја мила најмила земјо на овој свет во тебе растам развивам крила ко крилест орел во вишен лет
На школо учам букви да пишам името твое да го напишам азбука родо ти ни подари половина Европа ти благодари
Апостол Павле за христовите дела посетил твои градови и села во Филипи градот Лидија смела ја покрстил прва во Христовата вера
Си газена родо од разни сили оставиле тие потомства гнили се борат сега името твое да ти го снема Европа цела пред нив е глува и нема
Името твое вечно ќе стое додека сонцето сите не грее Илинден денот свечено се слави името твое тој го брани |