|
||
Гордана ДИМОВСКА: ПРАШАЊЕ ДО БОГА |
Низ златножолтите есенски лисја Гледам како сонцето изгрева на небото. Радост е голема, да можеш тоа пак да го видиш . Човекот се замисли и постави прашање до Бога, Зошто постои омраза во светот? Зошто гладуваат толку луѓе во светот? Зошто секаде има завидливост, лакомост? Зошто има луѓе кои не се подготвени да делат? Зошто има предрасуди и страв? Зошто има луѓе кои не сакаат да бидат блиски? Боже, те молам кажи ми зошто?.
Потоа му шепна едноставен одговор, Мора да доживеете лошо за добрина да се случи. Мора да постапите правилно, тоа е нешто кое знаете дека треба.
Мора да го сакаш Бога, себе си и сите Мора да ширите надеж, вера и љубов до крајот на животот, Мора да правиш за другите она што сакаш тие да прават за тебе. Мора да истраеш во се што правиш.
Сите овие работи мора да ги прифатиш И се друго ќе си дојде на свое место. Бог е со вас.
СВЕТЛИНАТА НА ТВОЕТО ЈАС Остави ги да те осудуваат Понекогаш и да не те разберат Остави ги да те оговараат, Нивните мислења не се твој проблем.
Остани љубезeн Верен на твојата автентичност А тие нека зборуваат што сакаат.
Во никој момент немој да се сомневаш Во убавината на вистината. Тие не се тоа што си ти. Продолжи да сјаеш, тоа си ти, Светлина на твоето ЈАС
Превземено од: ПОВОД–СПИСАНИЕ НА МЛД „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ |