|
||
МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ |
Гордана ДИМОВСКА И ако мислат дека те збришале, се лажат Твоите корени се длабоки, Ти имаш волшебна моќ Ти имаш сила да се воздигнеш и справиш Со неправдите кои то ги нанесува светот.
И Егејот плаче и пати За вековните неправди, Ги разделија, отргнаа илјадници деца, од топли мајчински прегратки да талкаат голи и боси во светот.
И ете уште чека чедото да се врати. Ги разделија, отргнаа илјадници деца, од огништата свои од топлите мајчински прегратки, да талкаат голи и боси во светот.
Еј Македонијо, Исправи се посилна од било кога, Не дозволувај историјата да се повторува, одбрани го името свето.
Онемеа шпионите, предавниците клети Каде тие пред твојата убост? Веднат глави, посрамотени од постапките свои.
А ти продожи напред Достоинствено и гордо Да се радуваат твоите чеда Да се радуваат твоите претци И грутката земја воскликнува од радост, на твојата историја твојата традиција, јазик
Намачена но посебна си Земјо македонска Една си, единствена, посебна од сите И како минат дните Помила и поубава ни си Примамлива за секој посетител кој со восхит заминува, но ветува пак ќе се врати.
Македонијо, една си, единствена . Македонијо, вечна да си.
Превземено од Повод |