Среда, 04 Март 2020    Печати
Поетско катче - „Соколот“ - Драган Богдановски

Почнувајќи  од овој број на електронскиот портал „МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ ќе ви презентираме поетски остварувања на македонски поети од повеќе генерации. Поетското катче одлучивме да го започнеме со песни на Драган Богдановски, творецот и таткото на ВМРО-ДПМНЕ. Од неговата поетска стихозбирка КОМИТСКИ КОПНЕЖИ , објавена во Франкфурт, во 1964 година во рамките на библиотеката "МАКЕДОНСКА ЛОЗА“

Dragan

Песната „СОКОЛОТ“ , авторот Драган Богдановски ја посветува на првиот претседател на Македонија, МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО

СОКОЛОТ

Таму каде Вардар бели пени фрла

и в долина ежи со дивовски грла,

во карпите модри, стрмно обесени,

ведно топло гнездо длабоко во стени,

во мрачните деној на ропското време

се извело пиле од соколско племе.

Првиот му полет во просторот ширен

не можел да биде радостен и мирен,

првиот му поглед в бескрај  вселена

му оставила слика мрачна и студена,

ветришта  и бури му пречеле в летот,

уште како пиле му здодеал светот

но рано размавнал со широки крила

и летел високо со соколска сила,

надлетувал м,гли, достигнал  облаци

и високо горе  барал топли зраци,

но и таму било мрачно и студено

и сонцето било во облак скриено.

Навечер се спуштал преморен од лет

и в гнездо сонувал иден среќен свет -

денови радостни за соколски род,

расејани лачи над Вардарски свод,

но в негова борба со студ и со мрак

го ударил еднаш еден тресок јак

и душмански гадно со брутална сила

му искршил в рани широкти крила.

Денес измрцварен од лутите рани

во клетка е ставен од луѓе погани,

но сокалски морал е појак од челик,

подноси се гордо и непушта вик

и гледа далеку со соколски поглед

кај сонце ќе сјајне од облакод блед.

Драган Богдановски