Недела, 15 Ноември 2009    Печати
Едно име имаме - Македонија

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ

Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци
и под Пирин Македонци
славно име, непокорно.

Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о, Македонијо.

Како ширни полиња
а до небо планини
реки златоносни
а езера бисери.

Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о, Македонијо.

Мајко Македонијо,
балканска убавице,
кој се роди во тебе
и живот дава за тебе.

Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о, Македонијо.