Понеделник, 30 Март 2015    Печати
Многу Љангачи (предавници) се накотија во Македонија

grb-VEPМакедонска нација

Сигурно сте забележале пред влезот на многу куќи во Македонија има табла на која пишува: ПАЗИ КУЧЕ

Има мали бубици, има шарпланинци, боксери, доги, ги има многу раси да не ги бројам. Овие кучиња се типични чувари, тоа е традиција во Македонија, и тоа е добро, за недај боже. Во Македонија од поодамна има една нова сорта на кучиња која многу брзо се накоти, таа сорта на кучиња се вика ЉАНГАЧИ- ПРЕДАВНИЦИ НА СВОЈОТ РОД.

За овие кучиња специфично е тоа што одат по секој кој ке им фрли коска, а богами им фрлаат и месо, во зависност колку треба да лаат. Во последниве години - поточно после 1990 г. оваа нова сорта на кучиња беше за многумина Македонци непозната, односно не знаеа кој ги храни. ЉАНГАЧИТЕ ги има насекаде, ги има кај нас, ги има и кај нашиве соседи, само лаењето на овие кучиња е различно, кај нас лаат многу гласно ПРОТИВ СВОИТЕ, кај нашите соседи потивко и пак лаат против нас.

За нашиве Љангачи поголемиот дел од храната е увозна, им ја носат од некои фабрики од нашето соседство, фабрика за ваква храна порано имаше во фабриката „Белград„, денес најквалитетната храна за Љангачи се произведува во фабриката „Атина„ и „СОРОС“. Овие денешниве добро нахранети кучиња, се истите тие или нивните потомци кои и во минатото јаделе од истата храна која се произведуваше во овие фабрики.

ЉАНГАЧИТЕ се добро издресирани да лаат по своите, по блиските, по пријателите, по се што е Македонско, па затоа не се многу омилени кај народот. Исто така, оваа раса на кучиња се добро издресирани да лаат ако изговорите : Македонска нација, Македонија држава, ВМРО, Античка, реагираат и ако ги спомнете имињата: Никола, Ѓорге, Драган, Филип, Александар, Клеопатра...

Сепак, во последниве година-две, најосетливи се ако случајно го слушнат зборот античка, а по античка ја спомнете Македонија, е тогаш тешко Вас, бегајте, ке лаат толку долго додека не им јават од домот за згрижување на кучиња да престанат.

Како добар познавач на оваа раса кучиња еве неколку совети како да се однесувате, и на што мора да внимавате : кога сакате да го изговорите зборот античка, а не сакате да Ве лаат, веднаш после овој збор додајте го името на јужниот сосед, тогаш ведаш ке се смират и нема да Ве лаат, внимавајте, никако не смеете да изговорите-Македонија. Ако пак сакате да Ви се лигават, тогаш изговорете го зборот славјани или зборувајте за трските од Дунав, тогаш бидете сигурни, нема повеќе глас да им слушнете..

Јас досега не сум се исплашил од овие кучиња, најверојатно затоа што сум се навикнал, долго време имаат лаено по мене.

Кучињата лаат и кога се плашат, куче лае од страв. Таткоми бог да го прости, ме научи да не бегам кога куче лае, сеедно дали е наше-домашно или од соседите, ако бегаш ќе те нападне, тогаш тешко тебе. Кога лаат, најдобро е полека да поминеш покрај нив и да не ги есапиш. Само треба да ги погледнеш во очи, колку да знаат дека си ги препознал, дека се ЉАНГАЧИ-ПРЕДАВНИЦИ НА СВОЈОТ РОД.