Среда, 22 Февруари 2017    Печати
Доволно вода за прилепчани

rubinco Јованоски
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Градот Прилеп е една од водечките општини во Македонија кога станува збор за искористувањето на средствата од Е7 фондовите преку кои се реализираат проекти со кои значително се подобрува квалитетот на животот на обичниот прилепчанец.

Благодарение на ревносниот Градоначалник во градот под Марковите кули, Г-динот Марјан Ристески и неуморниот директор на прилепското водоводно пре тпријатие ЈКП“Водовод и канализација“- Прилеп, Г-динот Сашко Николоски моментално се реализира еден од најголемите проекти во Македонија финансиран со Евроски пари, а тоа е реконструкција и изградба на нова водоводна и канализациона мрежа во Градот како и изградба на Пречистителна станица.

Како резултат на тоа при неодамнешната посета на Прилеп од страна на амбасадорот на ЕУ во нашата земја, словенецот Самуел Жбогар на прилепскиот градоначалник му додели Благодарница за добрата соработка на општина Прилеп со ЕУ и следствено на тоа реализација на голем број на проекти во Градот под Марковите кули.

Една деценија Прилеп претставува водечка општина во Република Македонија во искористувањето не само на ЕУ фондовите него и на голем број на донации кои се присутни во македонија и истите се достапни за Градот под Марковите кули.

Па така, со европски средства во висина од повеќе од 10-тина милиони евра се искористени и во минатото.

Се реши еден од најголемите проблеми за Прилеп, а тоа е водоснабдувањето на градот. Тој проект беше реализиран преку Владата на Република Германија и КФВ банката.

Сашко Николоски - директор на водоводното претпријатие ЈКП“Водовод и канализација“- Прилеп во координација со Градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески со обезбедените 1о милиони евра наменски ги вложија во изградбата на нова водоводна мрежа, нова административна зграда на ЈКП“Водовод и канализација“- Прилеп, нова механизација и намалувањена загубите на вода.

Резултат на тоа е што Прилеп денес е еден од најдобро снабдените градови со вода и го има едно од најуспешните водоводни претпријтија во нашата земја.

Наменски се искористени европските средства и за реконструкција на голем број на училишта, патишта, водоводни и канализациони системи во општи на Прилеп и населените места кои гравитираат со градот ХероЈ Прилеп.