Петок, 02 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Зоран Заев е единствениот антизападен и недемократски политичар во Македонија
alt

СДСМ со денешното соопштение призна дека целокупната власт во државата е во нивни раце и истата ја злоупотребуваат како сакаат и кога сакаат

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ јавно и отворено се заканува со политички прогон врз Христијан Мицкоски. СДСМ призна дека ги режира и оркестрира политичките хајки и дека судот е само инструмент во рацете на власта. Ова е преседан во светски рамки.

СДСМ со денешното соопштение призна дека целокупната власт во државата е во нивни раце и истата ја злоупотребуваат како сакаат и кога сакаат. СДСМ заборава дека власта е менлива и минлива и дека моменталната моќ која ја имаат утре ќе ја немаат и дека за сето незаконие, закани, притисоци и уцени ќе треба да одговараат пред правосудните органи кога тие независно ќе може да си ја вршат работата.

Зоран Заев е единствениот антизападен и недемократски политичар во Македонија. Зоран Заев е човекот кој ја извршува премиерската функција, а истовремено е трипати аболициран за криминал.

Зоран Заев својот криминален начин на работа од Струмица, познат како модел - „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ го пренесе на територија на цела држава. Тоа не е европски, тоа е рекетарски.

СДСМ е единствената антизападна и анти ЕУ партија во државата. Владата која ја формира склучува милионски договори во четири очи на сметка на јавни и транспарентни јавни повици. Органите на управата даваат дозволи за работа на фирми и лица кои немаа ниту ден работно искуство во областите за кои добиваат дозволи за извршување на работи од јавен интерес, тоа не само што го нема во ЕУ, туку го нема ниту во ниско развиени држави од Африка и Азија.

СДСМ е реликт на комунизмот, кој остави многу луѓе по затвори, партија која подоцна се преименува и остави 200.000 работници на улица и нанесе економски егзодус врз државата.

Народот и меѓународната заедница го препознаваат лицемерието на СДСМ. Доаѓа денот кога комунистичките остатоци и ликовите на транзицијата ќе се заминат од политиката. На Република Македонија и требаат вистински прозападни и модерни политичари, а тоа не се ниту Зоран Заев, ниту картелот околу него.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.