Недела, 04 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија
alt

Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата

Поминуваат месеци откако лично Зоран Заев со функција премиер, изјави дека има сведочења дека руски бизнисмени или бизнисмен делел пари на младинци за организирање на протести. До сега од Министерството за внатрешни работи нема никаков доказ или истрага која го потврдила тоа. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски тогаш рече дека кога ќе има нешто ќе го соопшти во јавноста. И од тогаш молк! Тој молк се должи на две опции, или Заев лажел, или Спасовски крие? За ова второто, медиумите упатуваат дека постои можност за поинакви релации. Се пишува за можна релација на Заев и владата со рускиот бизнисмен, близок до Москва, а распослан низ Грција, Иван Савидис. Оттука Заев и Спасовски мора да одговорат, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски:

– Дали и колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија, и дали има поврзаност со Владата, премиерот и висок функционер од ЛДП која е дел од владејачката коалиција?

-Дали Заев знаел чија компанија посетува кога го посети тутунскиот комбинат во Крушево, кој што е дел од синџирот на компании на Савидис?

-Дали Заев беше придружуван од Панајотис Теранидис, човек од доверба на Савидис?

-Колку се зголемени приходите на компанијата Секе на Савидис по 2017 година односно откако Заев ја презеде власта?

-Дали поранешниот директор на Државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски кадар на привезокот на Заев ЛДП, е главен потписник, прокурист на компанијата на Савидис?

-Дали Заев знае дека неговиот пријател, солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, е тесно поврзан со Иван Савидис, кој што веројатно му е и спонзор во политичката кариера?

– Дали знаел Заев дека хотелот Македонија Палас во Солун, или како милува Заев „Тесалоники”, каде што Заев оди на прослави со семејството и советниците од владата, е токму хотел на Иван Савидис?

Уште од насилното заземање на власта, Заев и неговата однародена криминогена банда се обидуваат секое спротивставување на насилните политики против обезличувањето и бришење на македонскиот народ, посебност и историја да ги прикаже како „странска руска интервенција”. Заев до сега освен празни флоскули, но и лаги, имајќи ги предвид раскажаните наводни сведочења на младинци, нема предочено никаков реален показател.

Напротив, ваквите дилеми кои што сега ги отворија медиумите, но со можност за сомневање таа врска да биде во насока на владиното делување. Заев има сериозна обврска да даде одговори на поставените прашања, во спротивно само ќе ги засили сомнежите, прашува Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.