Понеделник, 05 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Грција никогаш нема да го ратификува Преспанскиот договор

alt

Грција никогаш нема да го ратификува Преспанскиот договор

Отворањето на уставот на Грција со 30 измени во членови е сосема јасен показател дека Ципрас кренал раце од преспанскиот договор кој Заев по секоја цена ќе го имплементира

Оставката, иако коректно би било да се нарече отказот на Коѕијас, поранешниот шеф на грчката дипломатија, е директна последица на планот на Грција ни по март следната година да не го ратификува Преспанскиот договор.

Имено ставот на Коѕијас, изразен и јавно, дека не знае што би се чекало до март, ако Заев го испорачува она што го ветил, уставни измени и целосно имплементирање на Препанскиот договор до крајот на јануари, следната година, го дава самиот одговор.

Македонската историја е премногу обемна за Грција да може да ја избриши во целост. Со тоа нема правни алатки да се негира постоењето и обидите за формирање на Македонска држава и постоењето на Македонски народ и нација.

Оттука, Владата на Ципрас видно започна со последните реформи пред да замине. Идеолошкото убедување на радикалното левичарско движење, Сириза, предложи измени на над 25 члена на Уставот на Грција, кој почнува и завршува со Православен, Христијански мотив, како Грција не е секуларна држава.

Отворањето на фронт со Грчката православна црква е последната капка која ја прели чашата на трпение кај грчкиот народ, особено свештениците, кои на Ципрас му објавија “војна” а најавија нови избори.

Промените на уставот во Македонија се идиотизам. И покрај имплементацијата ние ќе потрошиме 100 дена да му угодување на властоволието на грчката влада, било тоа да е оваа на Ципрас или онаа која ќе следи на Мицотакис и Нова Демократија.

ЕУ, САД и НАТО сакаат да се самоукинеме како држава и тоа е се. Грција никогаш нема да добие повеќе отколку што Заев и нуди. Северна Македонија ќе остане најголемиот политички пораз во историјата на светот со кој една држава и една нација доброволно се негираа во своето постоење и тоа по сопствена волја, иако 95 отсто од земјите во светот преку Обединетите нации ни го потвдиле и името и нацијата и државата.

Грција нема корист да го ратификува Преспанскиот договор. Во него ја има премногу именката и придавките Македонија – Македонско – Македонски. Политички и Ципрас и Мицотакис само го искористија моментот на слабост на македонската надворешна политика за бесплатен политички маркетинг, за домашна употреба на наша сметка.

Објавил: Мирко Бачиќ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.