Вторник, 13 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Ова е политички прогон, ништо повеќе, ништо помалку
alt

ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада, СДСМ врши класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Да кажеме вечерва дека ова што се случува е удар врз демократијата во најмала рака ќе биде траги комично.

Ова што вечерва се случува е дно!

ВМРО ДПМНЕ е под полициска опсада!

Членови на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полициски службеници!

Никогаш, ама никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозицијата. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели!

Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку. Режисерите на ова сценарио сакаат да ги заплашат сите кои мислат поинаку и се противат на капитулантската, антимакедонска политика на аболицираниот Заев.

Во ваквиот прогон Заев ги злоупотребува и медиумите.

Она што вечерва го прават неговите орди не е помирување туку дополнително зовривање на политичката криза.

Овој притисок е удар врз опозицијата и тој нема да помине туку така. ВМРО ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни, демократски и сите неоходни средства за да застане на патот на злоупотребата на институциите и обидот за замолкнување на опозицијата.

ВМРО и Македонија се жртви токму на неспособноста на аболицираниот Заев. Година и половина ја уништуваат сопствената држава и сето тоа го прикриваат со политички прогон кој кулминираше вечерва и според нашите информации нема да престане.

Ако мислите дека ќе не заплашите, се лажете! Добро ве знаеме. Ќе дојде денот кога за ова ќе одговарате и вие кои го извршувате ова сценарио и оние кој што го нарачаа и организираа по наредба на Заев.

Доколку полицијата поседува налог и навистина се сомнева дека Никола Груевски е во штабот позади, може да дојде и со нас да провери.

Ова е политички прогон, ништо повеќе, ништо помалку.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.