Четврток, 15 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Е... АСНОМ, АСНОМ – НА КОЕ ДЕРЕЏЕ СИ ПОСЛЕ 74 - ГОДИШНО ПОСТОЕЊЕ!

asnom-spomenik

Бидејќи 2025 година е реалистичен датум за прием на нови членки од Балканот (вклучително и нашата Република Македонија, н.з.), но само доколку се исполнат критериумите, Собранието на Република Македонија на 19 октомври 2018 година,  со 80 гласови „за“ донесе одлука за пристапување кон уставни измени, согласно Договорот од селото Нивици, во Преспа.

Притоа, во врска со АСНОМ има многу контраверзи: се брише, се менува, нешто се додава, нешто се одзема и дека не се брише од Преамбулата на Уставот на Република Македонија; дека АСНОМ ќе се содржи двапати, но во Преамбулата ќе се додадат и зборовите Охридски рамковен договор со што ќе се потврди историското значење за „нашата држава“,

Во врска со гореспоменатите факти, девекти, вистини, невистини и други контраверзи, ќе се навратиме на минатото на нашата Народна Република Македонија, Социјалистичка Република Македонија и Република Македонија, кога се менуваше само името, како и на денешна Северна Република Македонија, кога се наѕира на кое дереџе е АСНОМ после 74-годишно постоење.

Имено во2018 година се навршуваат 75 години самостоен слободен просветен и културен живот и растеж во Република Македонија. На Второто заседание на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година на македонсиот народ во Народна Република Македонија му се признаа правата за национална слобода. На 2-ри август 1944 година, пак, Антифашнстичкото собрание на народното ослободување на Македонија(АСНОМ), на своето прво заседание во манастирот „Св. Прохор Пчињски”, прогласи дека македонскиот народ влегува како национилно слободен и рамноправен член во рамките на Федеративна Југославија, на принципите поставени на Второто заседание иа АВНОЈ.

Разбирливо е што по Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонијз започнаа просвегно-образовни и културни текови, врз основата на кодифицираниот македонски јазик. На 3 мај 1945 година посебната Комисија за јазикот и прзвописот на НР Македонија, донесе резолуција по прашањето на азбуката, а веќе на 7 мај истата година, беше озаконет македонскиот правоиис.

Конституирањето на македонската држава, нација, јазик и организираниот црковен живот, неминовно значеше асоцијативно и суштинско поврзување со Кирило - методиевската традиција, со создавачите на старословенскиот јазик, во чија основа влегоа говорите на македонските Словени од околината на Солун. Врз база на овој македонски дијалект беше изграден литературниот старословенски јазик.

Кирило - методиевската традиција зафатила благородни и длабоки корени и во Македонија. Вредните ученици на светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна глаголска традиција, особено кога св. Климент Охридски во 886 година ги ставил темелите на Охридската книжевна школа. Оттогаш, низ Македонија струи Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893 година. Истата година св. Наум го напуштил бугарскиот црковно - просветен и книжевен центар во Преслав и го заменил Климента на учителското место во Охридската школа.

Оваа просветителска и културна дејностна претставниците од почетоците на формирањето на словенската писменост и киижевност оставала траги низ вековиге во Македонија. За оваа забележана траднција е доста често пишуваио во славистиката, Притоа, се заклучува дека и во пишаните извори, а и во народната усна традиција постои континуираност.

Токму затоа во делото на проф. д-р Вера Стојчевска – АнтиЌ и Славе Николовски - Катин „Во чест на светите Кири и Методиј“, издание на „Матица македонска“, 1994 година, се проследени поважните дејности во врска со кирилометодиевската традиција,во периодот од 1944 до 1994годииа.

На тој начин се регистрирани поважните појави во Македонија, поврзани со епохалното дело на светите браќа и нимвните ученици, укажувајќи на длабоките корени на оваа традиција кај нас, зачувана и во нашето современо живеење и чествување, како долг кон беспримерните наши учители.

Македонскиот јазик спаѓа во јужнословснските јазици, а се формирал од словенските (македонските) племиња што живееле на Балканскиот Полуостров. Уште тогаш, во IV век, тој се одликувал со карактеристични особености во однос на јазичните црти. И понатаму во својот развој доживувал своевиден напредок. Прашањето за литературниот совремеn македонски јазик било поставено уште во XIX век, а решено дури со победата на НОБ Македонскиот литературен јазик ја доживеал својата кодификација, со одлуките донесени на АСНОМ 1944 годииа. Во период од седумдесет и четири години растеше јазично-творечката дејност.

Во поновиот труд иа Блаже Конески, со наслов „Македонскиот литературен јазик” не случајно е истакнато: „Развитокот иа фуикционалните стилови на македонскиот литературен јазик во периодот на неговата кодификација ја потврдува обемноста и успешноста на таквите напори”.

Веднаш  по НОБ се обновија училиштата во Македонија. Повеќе од нив го задржаа или го добија името „ Кирил и Мстодиј”, и „ Климснт Охридски”. Овие имиња на нашите современи македонски училишта не се само симболични наслови, туку една жива врска на писмената, книжевната и културната традиција, што ја вкоренија солунските браќа и светители св. Кирил и Методиј во IX век.

Во наведеното издание на проф. Вера Антиќ и Славе Катин се одразени и повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици. Разбирливо е дека во него се проследени и јубилеите, кои во одредени години се потенцирани активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така своевиден простор е посветен на културната манифестација „Во чест на св. Кирил” и поклоненијата на светиот гроб на св, Кирил во Рим почнувајќи од 1969 година.

Посочуваните прослави, собири, зборници, изданија, библиографии, даваат можности и за други посериозни потфати. Секако, се смета дека и овој труд, заедно со голем број други трудови даваат прилог за поцелосното согледување на повеќе реализирани дејности во врска со епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј, и на иивиите ученици, во Република Македонија и пошироко.

За наша среќа тоа дело продолжи на 3 мај 1945 година кога посебната Комисија за јазикот и правописот на НР Македонија, донесе Резолуција по прашањето на азбуката, а на 7 мај истата година, беше озаконет македонскиот правопис, а со тоа беа ставени основите на македонскиот литературен јазик.

 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.