Петок, 27 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Гордана Димитриеска-Кочоска: Апелирам, да се носат брзи мерки но притоа фер да бидат за сите
87518066 135528244629267 8672656147452264448 n

Почитувани

Два дена сме сведоци дека се лицитира со бројката околу нето јавниот долг кој би го имала државата на крајот на годината. Но во ниту еден момент не ја слушнавме целосно пресметката како е дојдено до истото.

Прашувам:
- Во пресметката колку е намалена расходната страна?
- Зошто ако ни требаат 2 милјарди евра се продолжува со договорите преку авторски агенции, преку кои имаме луѓе кои имаат повисоки месечни примања од просекот, кој го имаат луѓето во Министерство за финансии. Воедно сите знаеме дека овие вработувања се само во случај на зголемен обем на работа. Ќе и објасни ли некој на јавноста кај имаме зголемен обем на работа?

- Зошто трезорот функционира како да нема вонредна состојба и како да нема вакви проекции по однос на задолжувањето, проекции кои самата власт си ги направила?
- Зошто не се прифати ништо од моите предлог мерки кои беа доставени до министерката за финансии на 23 март?

Почитувани граѓани, пред два дена на сајтот на министерството беше објавено извршувањето на буџетот за месец февруари. Секој од вас може да го погледне. Уште тогаш власта се спремала за избори трошејќи 50 милиони евра повеќе од она што го имала како прилив. Да не заборавиме во месец февруари во Италија, веќе голем број на лица беа заразени, а власта очигледно мислеше само на избори.

Не е време за купување на гласови, време е владата пред се да го обезбеди министерството за здравство, со се што е потребно за лекарите да бидат максимално заштитени, а и на граѓаните да им се обезбеди што подобра здравствена заштита.

Владата да превземе итни мерки за кратење на трошоци, а не само да носи уредба за пренамена на средства, која ништо не значи во моментов (да појаснам ако има планирани средсва за одредена небитна работа, никој не може да ги спречи одговорните лица да ја реализираат, односно да трошат). Да се даде максимална поддршка на приватниот сектор сега и веднаш. Давање на поволни кредити преку развојната банка, каде услов е сите даноци да бидат платени ќе биде проблем за дел од компаниите. Се прашувате зошто? Компаниите до 24 март поднесуваа завршна сметка и даночни биланси, по што треба да го платат данокот на добивка (за оние кои имаат за доплата). Што со оние компании кои не се во можност тоа да го направат тоа. Зошто тие се ставени во полоша состојба? Што со уредбата за одлагање на данокот на личен доход, данокот на добивка која влегува во сила од денот на донесување, уредба во која право на одлагање ќе имаат компаниите, кои нема да отпуштат од работа луѓе освен во случај на смрт, пензионирање и само со спогодба со вработениот. Што ќе се случи со компаниите кои пред носење на уредбата веќе отпуштиле од работа па макар и спогодбено? Тие компании на денот на донесување на уредбата имаат помал број на вработени.
Апелирам, да се носат брзи мерки но притоа фер да бидат за сите. Колку се одолговлекува повеќе се создава нерамноправност помеѓу компаниите, кои брзо реагирале бидејќи не можеле да го издржат ударот од кризата и оние кои имале простор да ги почекаат мерките.

 

На прво место

News image

Пола влада е во изолација, тие говорат за датум на избори

Во денови кога стотици граѓани се заразиле а десетина починале од корона, СДСМ уште зборуваат за...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.