Четврток, 13 Август 2020    Печати
На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, се убиени пет струмички студенти

1strumicki-studentiНа 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт дека сакаат да бегаат преку граница, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО, и тоа: Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов. 

Случајот со петте струмички студенти кои една августовска вечер во 1951 година беа насилно собрани од струмичкото корзо, оттргнати од прегратките на своите девојки, одведени кон границата и свирепо убиени по наредба на месен комунистички функционер.

Нивната идеја била слободна, независна Македонија. Идеја која не и се допаѓала на тогашната власт. По убиството се прогласени народни непријатели.

Тој настан беше табу тема се до 1991 кога прв пат се одржа парастос за покој на нивните души.

Од повоена комунистичка Македонија до 1990 г. се истражуваше и се пишуваше само за жртвите на фашистичкиот режим, а пристапот до документите за жртвите на комунистичкиот режим не беше дозволен.

До 1990 г. не се истражуваше за одведените 820 лица на Голи Оток , каде што „живите им завидуваа на мртвите”, за мистериозните убиства на скопското Кале, за масовните убиства во Куманово - при што недотепаните живи закопани ги молеле своите џелати да ги дотепаат, за Ресен во 1945, за 53 стрелани без судење во Велес 1945, за бројните поединечни убиства, затворања, интернирања за Чулев, Брашнаров, Шатев, Ченто, Пирузе, Фотев, Анастасов, Марковски, порачаното убиство на Лена Стојчевска.

Слава им на сите кои се бореа и загинаа за самостојна Македонија.