Понеделник, 31 Август 2020    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски: Хотелската коалиција или Зоран Заев не може да се иднината на Македонија

1Mickoski 31082020

Од денешната прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ: Хотелската коалиција или Зоран Заев не може да се иднината на Македонија

Сакам и да се обратам на членовите на партијата. Не затекнавме партија од 450 илјади гласови, туку поделена, игнорирана од меѓународната заедница, атакувана партија, чиј имот поради притисок беше и се уште е замрзнат, незаконски ќе потсетам.

Со луѓе по затвори додека вистинските криминалци на слобода. И беше тешко. Многу внатрешни удари кои ги лепевме, правевме компромиси. Стигнавме до овде. Зло како оваа влада не се руши одеднаш туку со многу битки, многу труд и паѓање на оваа власт на рати. А ова денес е почеток на крајот на СДСМ.

Ако ме прашувате каква иднина не чека, оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. И мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини и европска иднина.

Затоа што Македонија нема европска иднина со мафијашка коалиција, затоа што земјоделците кои сега не ги ни спомнуваат нема да го добијат потребното, затоа што сиромаштијата ќе се зголемува, затоа што младите ќе продолжат да си одат од земјата, затоа што квалитетот не се цени.

Како ќе се однесува ВМРО? Со жестока критика на страна на народот, со организирани масовни граѓани протести, бидејќи ова не е само моја битка туку на народот против неодговорната и криминална влада.

И сосема на крај да одговорам на сите прашања поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, збор два за оние иницијативи кои одат во корист само на СДСМ и Зоран Заев. Јас немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Заев. Ваквите теми само одат во прилог на оние против кого се бориме.

И додека сум жив а доколку тоа не сум има план Б и план В ќе се борам против оние кои му служат исклучиво нему на Зоран Зае за да си го заштитат својот криминал.

Зборат за вонреден конгрес но таква иницијатива нема стигнато ниту поднесено во архивата на партијата. Што значи тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и се одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев.

А сега и за суштината. За сите оние кои прават криминал, кои одработуваат за милост и кои поради тој криминал потклекнале и се во скутот на Заев, треба да знаат сега и во иднина, нема да правaм компромиси со криминалот, нема да дозволам да се прогледа низ прсти поради сите нивни грешки и нема да премолчиме богатење на грбот на народот.

Сите оние кои станаа најдобри другари на Заев не е тоа затоа што се силни, туку затоа што се екстремно слаби. Сигурно сте се запрашале зошто нема завршница за познатите случаи за кои Заев како опозиција велеше дека се криминал, одговорот на тоа се добива овие денови кога гледаме како неколкумина појаничарени слуги одработуваат надевајќи се на неговата милост и својата слобода.

Но нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта. А јас нема да замолчам пред неправдите, за печалбарите во политиката, за отпорот кој станува наша должност кога криминалците прават хотелски коалции за да се спасат себе си, а се нудат за решение.

Оние кои толку многу пати се огрешиле кон ВМРО-ДПМНЕ и кон народот не се никакво решение, туку завршена приказна. Товар кој мора да отпадне за да ВМРО-ДПМНЕ и народот победи. Тие не зборат за криминалот на власта, ама се со полна уста за опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Тој пакт на криминалот и политиката кој е мафија во државата ќе биде поразен. Таа мафија, тој политички брак на власта и дел од тоа политичко криминално подземје кое се нуди за опозиција на опозицијата за да ја спаси власта, кое направи милиони за себе, со чиновничка плата, ќе биде поразено.

Хотелската коалиција или Зоран Заев не може да се иднината на Македонија.

Или тие, или Македонија! ВМРО-ДПМНЕ припаѓа на народот, и на Македонија и нема да биде заробено од оние чиј капитал го направија на тие свети букви.

Македонија има јасна закана, и јасна цел, да ја собориме најпрво владата и мафијата која ја оддржува таа влада а потоа да си ја обновиме државата.

 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.