Петок, 26 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Средба меѓу Заев и Мицкоски договорена за во понеделник

165277377 1826575434184574 3781081277618535597 o

Зоран Заев објави на неговиот ФБ : Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред.
 

Предходно Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Дневникот на Сител телевизија го повика премиерот Зоран Заев на средба, затоа што како што вели државата и граѓаните се во грч, а се очекува сериозност и консензус за важните прашања.

-Го повикувам Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници во ден и време кога  тој ќе избере, стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време онака како што на нему му одговара, да разговараме за сите оние проблеми коишто се од животно значење за граѓаните, од кризата од пандемијата, до работата на парламентот, за се што е денеска отворено, а нерешено, а стои на маса, повика Мицкоски во Вестите на Сител телевизија вечерва.

Мицкоски  вели дека се надева дека со ова ќе може да се постигне некаков консензус за случувањата, како и тоа дека е подготвен да разговара на секоја тема да се разговара и за пописот, и за пандемијата, и за економијата, и за блокираните евроинтеграции и за широки или концентрациони влади, за национален спас, затоа што граѓаните очекуваат да се постигне консензус за важните прашања, затоа што граѓаните се во грч, а состојбата е на раб на издржливост.

Дополнително Мицкоски порача дека за ова фијасно не може никој да не поднесе одговорност, одговорност мора да има, затоа што впрочем на тој начин се остава лош пример дека власта не чувствува вина за она што се случува, дека некој друг е крив, но тоа не е така, вие како министер или премиер ако вашите обврски не ги исполните, а само уживате во вашите привилегии, тогаш тоа е лицемерно, дезертерството и неспособноста не чини човечки животи.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.