Сабота, 27 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Добив и закани да не ја објавувам аферата за „Шик Јелак“ и Давидовиќ

27032021

Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Добив и закани да не ја објавувам аферата за „Шик Јелак“ и Давидовиќ - Дака, сега видовме дека се потврди криминалот вреден 200 милиони евра на СДСМ и ДУИ

Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“  и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.

-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано  тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

-Прв пат ќе кажам за јавноста јас добивав и закани да не го објавувам скандалот и аферата затоа што се работело за моќни луѓе, но ќе кажам дека кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери секогаш кога ќе имам сознанија за истите, вели Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.