Вторник, 06 Април 2021    Печати
Боби Темелков : СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ И ВО ТАТКОВИНАТА
169252076 10223546912275645 5271845223699944681 n
 
Боби Темелков : СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ И ВО ТАТКОВИНАТА.
 
 
Торонто, Канада
 
- По повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија, единствени и обединети, на 25 април 2021 година (недела) во Скопје организираат Семакедонски мирен протест под слоганот “Демократија во Македонија и Слобода на уставобранителите!“
 
Семакедонскиот протест започнува со собирање на учесниците пред Владата од 11 часот. Маршот од пред Владата тргнува во 12 часот, а оттаму ќе се движи по булевар “Даме Груев“, Булевар “Димитрие Чуповски“, Булевар “11 Октомври“, до Собранието на Македонија во 13 часот.
Семакедонскиот Народен протест пред Собранието ќе трае до 15 часот.
 
169565802 10223546912515651 530173281304256627 n
 
На Семакедонскиот протест ќе биде интонирана националната химна “Денес над Македонија“ и ќе се прочита Декларација со барања кои ќе бидат доставени до: Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, Обединетите Нации, Советот на Европа, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и странските амбасади и мисии во Република Македонија.
Семакедонскиот протест ќе биде без бина и без говори.
 
Организаторите на Семакедонскиот протест ги канат сите Македонци по род и државјанство, сите политички партии и здруженија на граѓани на масовно учество, без партиски знамиња.
Декларацијата од Семакедонскиот протест ќе биде отпечатена на летоци и поделена на учесниците.
 
Организаторите на Семакедонскиот протест апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија, носење маски и на пропишана дистанца, како и на почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите.
 
Организаторите се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.
 
Организатори : Македонците во светот и Татковината