|
||||
Виолета Ачкоска : СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ |
Виолета Ачкоска
Нашите браќа, неправедно осудени за „тероризам“ само затоа што го бранеа Уставот на Република Македонија, кој бескруполозно се прекрши на 27 април, се уште живеат во затворските келии.
Тоа се бестрашни луѓе кои си ја сакаат татковината и во нив е силна надежта дека Македоците конечно ќе го кренат гласот, дека ќе кажат НЕ на националното понижување, НЕ на газењето на човечкото достоинство, ДА за владеењето на правото. СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ. Македонија вечна.
- По повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија, единствени и обединети, на 25 април 2021 година (недела) во Скопје организираат Семакедонски мирен протест под слоганот “Демократија во Македонија и Слобода на уставобранителите!“
|