|
||||
Додека ова се случува во државата, уставобранителите лежат во затвор четири години |
Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. При своеото гостување посочи дека слоганот на Шарена Револуција „Нема правда, нема мир“ беше гола флоскула бидејќи денес во Македонија роднините на функционерите се на платен список и земаат огромни хонорари, Рашковски вози автомобил кој чини најмалку 75.000 евра, а притоа невини луѓе лежат по затворите.„Списокот за хонорарци во Влада не е цел список даден, неколку имиња фалат. Зошто? Можеби поради нивната звучност на имињата. Меѓутоа претседателот на СДММ да е ставен на паушал односно на хонорар и ние тројца да го плаќаме тука е срамота“, истакна Пандов Пандов додаде зарем не е срамота син на Самка Ибраимоски да е дел од хонорарците во Влада. „Најдиректно чепкале пари од Буџетот на Република Македонија, преку скриени хонорари. Син, сестра, брат на пратеници, на директори па дури и претседателот на нивната младинска организација им е на паушал ставен. Што повеќе од ова да се говори“, запраша Пандов. Пандов посочи дека единствена обврска на овие луѓе кои се на листа на хонорари им е да пишуваат статуси и да ја плукаат опозицијата. При своеото гостување Пандов се осврна и на Шарената револуција и нејзиното дејствување пред пет години. „Секој нормален човек гледа дека паролата „Нема правда, нема мир“ била гола флоскула. Вчера или завчера, кога им беше петгодишнината од Шарена револуција, колку само скрнавења на градот Скопје па дури и цекаде низ Македонија имаше по институции, па дури ја запалија и канцеларијата да потсетам на претседателот на државата. Се кажуваа лаги од типот убиен бил од власта и злоупотреба Никола Младенов, петте момчиња – Смилковско езеро, тоа се морбидни работи, тука е и за Мартин Нешкоски. Да се присетиме дека сопругата на покојниот Никола Младенов замоли Заев да престане и да не го злоупотребува веќе неговото име за тоа што нема врска од тоа што го говореше “,истакна Пандов. Пандов додаде дека со право родителите на децата што беа убиени на Смилковско езеро се бунат. Заев лажеше дека има докази за свирепото убиство. „А, при тоа што направија? Направија еден монтиран политички процес, за учесниците од 27-ми април. Луѓето политички ги осудија, ги осудија за тероризам. Нас ова што денес ни се случува во Република Македонија е крах на правниот систем на државата. За тоа што ние имаме генерелаен секретар кој што од Мексико ни порачува дека нема никаква вина, тоа плус што сам на себе си продавал софтвер, непотребен за Република Македонија. Тој човек, вчера видовме дека вози автомобил од 75.000 евра во основна веразија. А, денес читам дека околу 100.000 евра платил во Побожје на Скопска Црна Гора не знам колку метри квадратни плац. Поднел барање на синовите, на децата 800 метри квадратни за хациенда да си гради“, нагласи Пандов. Пандов посочи дека додека ова се случува во државата, уставобранителите лежат во затвор четири години. „На 25-ти април ќе има семакедонски протест за уставобранителите кои што невини лежат во затвор. Тој протест ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. Патриотскиот институт го поддржува. Ќе биде исклучително масовен, истакна Пандов. Пандов додаде дека на тој протест на 25-ти април ќе види власта како се протестира, протестот ќе биде чист, а не како оние протести на Шарената револуција. „Не само Македонците, верувам дека сите граѓани ќе излезат и ќе дадат поддршка, и ќе пратат јасна порака на властодршците дека тие луѓе треба час поскоро треба да бидат ослободени“, порача Пандов. |