Среда, 14 Април 2021    PDF Печати Е-пошта
Високи функционери од власта се директно инволвирани во "Мафија"

1sedat-peker-Високи функционери од власта се директно инволвирани во "Мафија", Пекер 3 месеци бил тука и се среќавал со политичари, а Вукотиќ летал од аеродромот во Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со претставниците на МАСИТ а веднаш по средбата даде изјава за медиумите каде што даде одговор на неколку прашања, меѓу кои и во однос на фалсификуваните пасоши и вмешаноста на највисоките функционери од власта во случајот.

Мицкоски потенцираше дека е јасно како ден дека високи функционери од власта се директно инволвирани и директно раководеле со операцијата делење и фалсификување пасоши, бидејќи вработените службеници во МВР кои фотографираат и ги изготвуваат документите сигурно не се запознале со голем дел од криминалците, меѓу кои Седат Пекер, Вукотиќ и останатите. Службениците ја вршеле својата работа како и со сите други имаат потреба да извадат одредена документација, додека пак акцијата ја координирале луѓе од власта.

Несериозно за една земја е криминалци како Седат Пекер по три месеци да престојуваат во Република Македонија, да се забавува и фотографира со коалиционите партнери на СДСМ, а во меѓувреме да не е приведен или уапсен за она што го правел тука во однос на неговиот пасош. Фактите говорат дека штом тој лесно се движел низ земјата и функционирал нормално, тогаш зад него стоеле високи функционери на власта кои директно му помагале и го штителе во тек на неговиот престој, вели Мицкоски.

Јован Вукотиќ неколку пати полетувал од аеродромот "Петровец", бил уредно легитимиран и проверен, по што отпатувал од земјата. Тој самиот вели дека неговиот пасош не бил изваден по нелегален пат, туку дека сите податоци се точни, освен неговото име. После ваквите случаи, ниту МВР, ниту пак премиерот излезе со јавна осуда за овој чин, а дополнително на тоа не се повлечени и уништени тие пасоши, што дополнително ја разбиструва сликата за тоа кој е креаторот на целата оваа афера, истакна претседателот Мицкоски.

Фактот што Владата се уште молчи и не се произнесува со информации дали се поништени овие патни исправи и дали некој воопшто одговара за овој случај, говори за тоа дека овие матни зделки и афери се случуваат секојдневно и тие не знаат од каде да започнат. Додека тие молчат, овие луѓе се уште во своја сопственост имаат фалсификуван пасош, кој никој од властите не им го поништува. Тоа е сликата за власта во Република Македонија и за безбедносниот систем, кој е повеќе од разрушен, објасни Мицкоски.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.