Четврток, 15 Април 2021    Печати
ВМРО-ДМНЕ : На лагите им нема крај, нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација

5e57cc430f516

Филипче покажа дека не може да обезбеди на време вакцини, а не вакцинацијата да биде континуирана, уште помалку масовна.

Фактот е еден - вакцинацијата во Македонија доцнеше! Додека сите стартуваа со вакцини во декември, Македонија почна да вакцинира со донацијата од Србија во втората половина на февруари.

Во меѓувреме, нема ни доволно реагенси, нема ни тестови за корона.

За Филипче мерките дале резултатите и тој повторно се враќа на својата омилена, ама сосема погрешна констатација „ситуацијата е под контрола“.

Ако беше под контрола во период од јануари до сега ќе имаше 1.700 починати? Не, ако набавеше вакцини и почнеше на време со вакцинацијата ќе имаше граѓани кои ќе стекнеа имунитет и бројката на новозаболени и на починати ќе беше далеку помала.

По сето ова Филипче треба да замине од функцијата, а секако и да одговара!