|
||||
Мицкоски: Колку избирачки списоци со двојни матични броеви потпишал Спасовски? |
Аферата „Мафија“ има и втор дел, објави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите. Мицкоски објасни како двојните матични броеви се кроистеле за гласање. -Го најдовме братот на Седат Пекер, односно Џадин Адемовски. Неговиот брат е Џеладин Адемовски, кој исто како и Џадин има двоен матичен број. Тој гласа во училиштето „Имри Елези“ во Чаир, односно „Дитурија“ во Сарај, рече Мицкоски. Мицкоски се осврна и на интервјуто на Спасовски, кој вчера рече дека двојни матични броеви биле издавани од 1981 година и дека МВР работи на нивно чистење. -Оливер Спасовски е веќе шеста година министер за внатрешни работи. Истовремено избирачкиот список и лицата со двојни матични броеви беа прочистувани пред изборите во 2016 година, кога повторно министер за внатрепни работи беше Спасовски. И ако тогаш опозицијата и власта СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ коснтатираа дека избирачкиот список е прочстен, односно избришани се двојните матични броеви, тогаш како денес постои сомнеж за околу 20.000 двојни матични броеви и како тоа на директорот на управата за водење матични книги, која е под Правда, му недостасуваат 100.000 обрасци. Сето ова дава сомнеж дека нешто се случувало изминатите 4 години, рече Мицокски. |