Четврток, 15 Април 2021    Печати
Христијан Мицкоски : Стопанството на колена, граѓаните беспомошни
1Hristijan Micko Христијан Мицкоски
 
 
Петтиот пакет чека на добра волја на владиното мнозинство да биде изгласан. Рашковски даде оставка. Сѐ уште нема масовна имунизација, балкански водачи на нарко и криминални картели се наши сограѓани, обвинетите наместо за злосторничко здружување и фалсификување на патни исправи ќе бидат судени за злоупотреба на службена должност, рекордери по заболени и починати од корона, криза, паника, пљачка, уцени, закани, насилно превземање на компании.
 
Добредојдовме во новата реалност - Македонија 2021. Одбивам и ќе се борам против ова. Ние заслужуваме подобро, а одговорност ќе има.
 
П.С. Сѐ уште не слушнав реакција од Стопанската комора и укор до власта зошто игра политика, неместо денес да ги изгласа законите од петтиот пакет наменет за стопанството и граѓаните. Ќе бекне некој или чекаме нова средба со триото Битиќи - Бесими - Бектеши?