Четврток, 15 Април 2021    Печати
Мафијашот Вукотиќ, под лажен идентитет од Македонија, купил фирма во Бугарија

Мафијашот Вукотиќ, под лажен идентитет од Македонија, купил фирма во Бугарија од опфатен во аферата со марихуанаМафијашот Вукотиќ, под лажен идентитет од Македонија, купил фирма во Бугарија од опфатен во аферата со марихуана

Христијан Мицкоски открива дека Јован Вукотиќ од Шкаљарскиот клан во 2020 година, под лажниот идентитет Ѓорѓи Андонов купил компанија во Бугарија од лице бугарски државјанин, жител на Струмица, со презиме Јотов, опфатен во аферата 200 кг марихуана, близок на Заеви и возач на Трајче Заев.

Мицкоски ова го даде како најава, но не ги презентираше докуметит е и додаде дека нее е прашање дали ќе падне оваа влада, туку Заев треба да размислува што понатаму откако ќе падне оваа влада.

Тоа што Спасовски и Заев и нивните блиски соработници, не се обвинети за злосторничко здружување и покрај отворањето на овие афери, вели Мицкоски додавајќи дека е јасен доказ дека институциите се исплашени од луѓето во врвот на власта.

-Не може да нема обвинителен акт, а да има обвинителен предлог за злоупотреба на службена должност.

Мицкоски цитира дел од исказот на Вукотиќ пред судот во Србија.

-Јас не ве разбирам зошто ме гоните за кривично дело кога јас оваа патна исправа ја добив на законит начин. Си отидов, си оставив отпечаток на прст, се сликав… Единствено за што можам да прифатам е дека името на мојата слика не е Јован Вукотиќ.

https://denesen.mk/mafijashot-vukotikj-pod-lazen-identitet-od-makedonija-kupil-firma-vo-bugarija-od-opfaten-vo-aferata-so-marihuana/