Петок, 16 Април 2021    Печати
Христијан Мицкоски : Ќе го поддржиме протестот на уставобранителите, тие не се терористи

1HM16042021

Христијан Мицкоски : Ќе го поддржиме протестот на уставобранителите, тие не се терористи

Како политичка партија ги поддржавме, а јас исто ќе бидам присутен на протестот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисјата „Само интервју“, што се емитува на телевизија Канал 5.

„Мислам дека казна која се темели на исказ на еден од осудените и изразена во неколку стотици години не е правда. Ние бараме да се обезбеди правда. Ако можеше со една изјава на Заев кога беше опозиционер случајот Монструм да почне од почеток може и за овие лица кои внатре се наоѓаат врз основа на еден исказ“, рече Мицкоски.

Мицкокси заклучу дека ниту тоа во Капитол мол е тероризам, ниту ова овде во што се случуваше беше тероризам.

Семакедонскиот протест започнува со собирање на учесниците пред Владата од 11 часот.

Маршот од пред Владата тргнува во 12 часот, а оттаму ќе се движи по булевар “Даме Груев“, Булевар “Димитрие Чуповски“, Булевар “11 Октомври“, до Собранието на Македонија во 13 часот.

169565802 10223546912515651 530173281304256627 n

169252076 10223546912275645 5271845223699944681 n