Понеделник, 19 Април 2021    Печати
Христијан Мицкоски : Еве го Пендаровски, бекна, потпиша сѐ што му нареди стопанот

121321

Сакаше да биде сатиричен, а испадна смешен.

Претседателе Пендаровски, погледајте го моето последно интервју дадено во петокот и ќе слушнете грмење, не бекање за националните теми меѓу кои и таа измислената што ја споменувате да го исперете криминалот, корупцијата и срамот на стопанот. Грмење за тоа што ја доведовте Македонија во подредена положба заедно со стопанот.

Што се однесува до времињата кога една партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија, можам да Ви кажам добредојдовте во 2021 година, или да бидам попрецизен, денес не партијата на власт, туку вашиот стопан е полицаец, обвинител и судија.

Следниот пат наместо да плачете на медиуми зошто сме лидери според корупција, криминал во Европа, додека балкански нарко босови шетаат со македонски пасоши и марихуана е главен бизнис во државата, БЕКНЕТЕ нешто, зошто ни ја снемува државата. И да... одговорност ќе има, порано или подоцна, јас Ви ветувам!

П.С. Добро е што барем законите за помошта на граѓаните и стопанството ги потпиша, а не само тие од 32 седница!

#ИднинатаЕНаша
#МакедонскаПролет