Вторник, 20 Април 2021    Печати
ГРОМ со поддршка за семакедонскиот мирен протест за настаните од 27 април

1Protest 6

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ го поддржува мирниот протест кој ќе се одржи на 25 април, а по повод 27 априлските настани.

ГРОМ и тогаш и сега осудува секаков вид насилие посебно насилието во парламентот, но најостро го осудува реваншизмот, селективниот пристап на обвинетите и осудените како и историски највисоките изречени затворски казни за луѓето кој што беа изманипулирани и се практично жртва на СДСМ.

Фактот дека по овој настан СДСМ воведе двојазичност, го смени името на државата, го дерогираше македонскиот идентитет и јазик и го смени Уставот, укажува дека осудените за тероризам не се бореле против уставниот поредок туку го штителе истиот.

СДСМ и Зоран Заев покрај промената на името, воведоа двојазичност и го исфрлија АСНОМ од Уставот и уште еднаш се потврди дека овие луѓе беа уставобранители а денешната власт уставонапаѓачи или агресори.

Затоа ГРОМ го повикува своето членство и симпатизери на 25 април да излеземе пред Владата на Република Македонија во 11 часот и да дадеме поддршка на уствобранителите и да побараме слобода за нив.

1Protest 2