Петок, 23 Април 2021    PDF Печати Е-пошта
ММДЧП на средба во канадското Министерство за надворешни работи упати повик да престане водењето на анти-македонска политика

1p123

Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права Бил Николов се сретна со Ани Лагуе, директорка за политики на Министерот за надворешни работи на Канада Марк Гарне, при што повика итно да престане непромислената поддршка што Канада ја дава за принудното преименување на Република Македонија, како и да го осуди режимот на Зоран Заев за непрестаното кршење на човековите права на Македонците.

Принудното преименување на Македонија се врши на барање на Грција, која се закануваше дека ќе стави вето на приемот на Македонија во ЕУ и НАТО додека Македонија не го смени името, идентитетот и историјата, не и ги предаде поимите „Македонија“ и „Македонци“ на Грција, и не се откаже од постоењето на Македонци во границите на Грција. Бугарија го следеше овој пример и најави вето на македонскиот прием во ЕУ додека не бидат исполнети нејзините барања, меѓу кои декларација со која ќе се прогласи дека Македонците се „всушност Бугари“, додека не се негира постоењето на Македонци во рамките на Бугарија и не се препише македонската - и еврејската - историја за да се избрише секое спомнување на бугарскиот прогон на Македонците. Бугарија бара и да се избрише секој спомен на нивнот сојуз со нацистичка Германија во Втората Светска Војна, окупацијата на Македонија и депортирањето на над 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска.

Одговорот на земјите членки на НАТО и ЕУ, меѓу кои и Канада, не беше да се осудат овие барања туку да се прослави продолжувањето на „евро-атланската интеграција“ на Македонија - со целосно негирање на најосновните човекови права на Македонците.

Николов и укажа на Лагуе дека ако ваквото однесување се примени кон било која друга држава, ќе се соочиме со итна осуда. Никој не би помислил да го негира правото на етнички идентитет на Франција и да бара од французите да признаат дека имаат „германски корени“ или пак дека Германија ја „ослободила“ Франција во Втората Светска Војна. Никој не би помислил да бара од домородните народи на Северна Америка да ја прославуваат англиската колонизација и нивното освојување.

Во трката да ги исполни желбите на ЕУ и НАТО, режимот на Зоран Заев изврши принудна промена на името на Македонија, илегално и брутално ги замолчуваше - и продолжува да ги замолчува - сите изрази на противење. Режимот апси дисиденти; испрати полициск специјалци да тепаат и апсат мирни демонстранти; брка илјадници Македонци од нивните работни места (во јавниот и во приватниот сектор); затвора медиуми и им изрекува затворски казни на новинари; блокира пристап до социјалните мрежи за поединци и критички медиуми; го забрани и криминализираше користењето на зборот „Македонија“; прогонува и заплашува македонски граѓани, вклучително со физички напади и подметнување пожари; осудува македонски политички затвореници на долги затворски казни и ги држи во неприфатливи услови.

 

На прво место

News image

Што му порача Димовски на Заев

На изјавата и обид на премиерот Заев да релативизира и да ја внесе „северна“ и во ФФМ, реагираше...

Историја

News image

Дописка за положбата на македонските патриоти во Горна Џумаја" во 1935 г.

Тихомир Каранфилов Политичкиот тероризам во Бугарија, кој владееше во триесетите години на минат...

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ I (12)

Текстовите во продолженија во порталот „Македонска нациј...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (3) Маслинова гора

Маслинова гора или Гетсиманска градина               Ма...

Фељтон

News image

КОИ БИЛЕ ВЕНЕТИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (15)

Според Пешиќ Венетите биле поморски и речни трговци, кои го рашириле писмото кон Етр...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.