Недела, 25 Април 2021    Печати
Пандов: ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за протестот за слобода и правда за уставобранителите, тие луѓе не се терористи

9Aleksandar Пандов

Во Македонија нема право и правдина, целата пресуда на осудените за 27 април се заснова само на еден сведок кој 5-6 пати даде различни изјави, а после втората изјава веќе не требаше да се земе како релевантен сведок, вели претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во „Тема на денот“ на Сител Телевизија, говорејќи за утрешниот протест за поддршка на уставобранителите.

Пандов потенцираше дека дури и во најтоталитарните режими барем со двајца сведоци ги осудувале луѓето, а тука само со еден кој постојано менува изјави.

Тие луѓе никако не се терористи, осудени се врз основа на лажно сведоштво.  Тие не бараат милостина, не бараат амнестија, туку фер и правично судење. Утре на протестот ќе се прочита Декларација со која ќе се побара правично судење за уставобранителите да може да се изборат за правда, истакна Пандов.

Во однос на организацијата на протестот, тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ, единствено дава поддршка, додека органзиацијата е целата дијаспора која е против Заев кој неправедни ги осуди уставобранителите за тероризам.

ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на протестот, со повик до членството. Во самата организација на протестот, ВМРО-ДПМНЕ нема улога, а нема ни друга политичка партија. Но,  ние како ВМРО-ДПМНЕ претходно имавме протести со барање за ослободување на уставобранителите, каде се обраќаа и членови на потесното семејство на затворените, имавме протест и пред затворот во Штип протест. И нема да се откажеме додека овие луѓе не добијат правда и правдина, нагласи Пандов.