Понеделник, 26 Април 2021    Печати
Уставобранителите не се криминалци, туку тие околу тебе што го пљачкаат народот

1Brane

Петрушевски до Костовски: Уставобранителите не се криминалци, туку тие околу тебе што го пљачкаат народот, а поддршка на криминалот даваш ти, Спасовски и Заев

Реакција на прес конференцијата на Мартин Костовски

Костовски, денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и јас, бевме со народот. Токму со оној народ кој твојата партија четири години го пљачкосува, понижува и деградира. И токму ТИ Мартине учествуваш во тоа национално понижување на Македонскиот народ, со незаконското објавување на промената на името во Службен весник, каде во тој период Ти беше директор. Сум ти кажал, за ова и за твојата слепа послушност кон Заев, еден ден ќе одговараш...

Уставобранителите не се криминалци, туку тие околу тебе што го пљачкаат овој народ.

Поддршка и заштита на криминалот даваш ти, Спасовски, Заев и вашата болумента на власт.

Го претворивте Куманово во гнездо на непотизам и незаконско пљачкање на општинскиот буџет. Нема член на семејство кој не ви е вработен, а високи партиски функционери испумпуваат пари на граѓаните, за што конечно ДКСК отвори предмет.

Допрва ќе ве разобличуваме вас и вашите криминали, а за многу скоро време ќе има одговорност Мартине. Биди убеден!

1777