Понеделник, 26 Април 2021    Печати
Пандов: На народот му дојдено преку глава

1Pa

Пандов: На народот му дојдено преку глава, народот на вчерашниот протест најдиректно му покажа и му докажа на Зоран Заев дека крајот му се ближи

Вечерва претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија при што говореше за масовноста на вчерашниот протест.

„На народот му дојдено преку глава, народот на вчерашниот протест најдиректно му покажа и му докажа на Зоран Заев дека под број еден не се согласува со тоа дека патриотите се терористи, и под број два воопшто не се согласува со неговиот начин на владеење со сите криминали, со цела корупција која што ја имаме во моментов во Македонија“, истакна Пандов.

Пандов додаде дека и покрај корона кризата која што при тоа на дневна основа ни починуваат по 30-40 луѓе, луѓето се одважија и се охрабрија и дојдоа на протестот пред Влада, а подоцна марширајќи дојдовме до Собранието каде што се прочита Декларацијата за слобода на уставобранитеите.

„Ова дефинитивно можеби не е крај, можеби не е ни почеток на крајот, но секако јас барем се надевам дека е крај на почетокот“, појасни Пандов.

Пандов посочи дека ова е оваа фаза кај што се означува полека крајот на криминалното владеењена Зоран Заев.

„Огромно мнозинство на македонското население е уверено дека тие луѓе се неправедно осудени, дека веќе четврта година се во затвори, и дека тие се се само теорирти не се“, рече Пандов.

Пандов посочи дека се радува што на тој протест доминантно беа членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа имаше и огромен број на луѓе кои што се нормално опозиционо расположени, но луѓе кои што притоа не се ни членови на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на други партии.

„Ќе има втор протест верувам, ако Заев продолжи граѓаните да ги множи со нула, а уставобранителите и понатака да ги нарекува терористи. Во таква ситуација многу лесно може да му се случи следен протест и тоа за многу скоро време. И тогаш верувам дека ќе има дупло повеќе луѓе“, нагласи Пандов.

Пандов посочи дека ова е почеток на нешто што дава гаранција дека Зоран Заев за многу скоро време нема да биде на власт, а уставобранителите ќе бидат на слобода.