Четврток, 29 Април 2021    Печати
ВМРО-ДПМНЕ : Криминалец е Заев кај кого Боки 13 кажа дека завршиле парите од Рекет

2a 2

Криминалец е Заев кај кого Боки 13 кажа дека завршиле парите од Рекет, а финансиер на тероризам Спасовски кој давал пасоши на терористи

Најголем криминалец во Македонија е Зоран Заев, кај кого Боки 13 кажа дека завршиле парите од Рекет, а ЈО не смее да отвори предмет.

Криминалец е и затоа што е аболициран за криминал, но и затоа што сите видоа и слушнаа како бара евро за Вицето.

Финансиер на тероризам е Оливер Спасовски, во чие време се издавани пасоши на терористи, кои оделе на боиштата на Блискиот Исток и го рушат светскиот поредок и се најголема закана за САД, НАТО и целата Западна Алијанса од која сме дел.

Заев и Спасовски се опасност за безбедноста на Македонија, регионот и целиот свет. Тие дадоа пасоши и на Седат Пекер и на Јован Вукотиќ. Пекер им седеше со месеци во Македонија, а Вукотиќ полетувал од Македонија кон други земји.

Заев и Спасовски се проблемот за Македонија, а не уставобранителите.

Заев и Спасовски, и Филипче на чие конто одат 4700 починати, од кои голем број умреа затоа што нема вакцини, а нема затоа што поважна им е провизијата, отколку здравјето.

Македонија е заложник на Заев и неговата екипа.