Петок, 30 Април 2021    Печати
Слободан ТОМИЌ : ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ ОД 30 АПРИЛ 2020 ВАЖИ И ДЕНЕС!

13636 Слободан ТОМИЌ

Браво претседателе, браво Стево...

Така треба да се однесува еден претседател или татко на нацијата кога станува збор за праведност, правичност и владеење на правото и разумот.

За потсетување, точно пред една година или на денешен ден 30 април 2020 година, како претседател на Форумот "Гласот на народот", заедно со Светскиот Македонски Конгрес поднесовме Иницијатива до тебе, како Претседател на Македонија и професор доктор по правни науки, да бидат ослободени неправедно осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година од натамошно извршување на казната затвор и нејзино бришење, бидејќи не се терористи!

Народот на 25 април 2021 година пред Собранието, на Семакедонскиот протест од Владата до Собранието, проговори со јазикот на правдата, слободата и вистината: "Сторителите на настаните во Вејце на 28 април 2001 година се терористите!" Уставобранителите се патриоти и родољуби кои го бранеа името, Уставот, правата и слободите, правдата и правниот поредок.

Ти во 2001 година беше дел од тимот на претседателот Борис Трајковски, нели?

Затоа, ја имаш пред себе целата слика. И секако, знаеш да разликуваш што се тоа терористи и што е тоа тероризам!

Уставобранителите не се терористи! Врховниот суд треба да ги поништи пресудите и да овозможи повторно судење, од слобода да докажат дека не се виновни!

1Protest 6

За правда и слобода во Македонија, правда и слобода на уставобранителите од 27 април 2017 година.