Сабота, 01 Мај 2021    Печати
Честит меѓународен ден на трудот!

18115655

Професии од цел свет обединете се...

  Кога друг не мисли на вас, мислете самите...

   Преку сите форми на активизам, општествен, волонтерски, синдикален, партиски...до признавање на трудот според образование, признавање на учењето пред купените дипломи!!

    Продолжуваме да се бориме за еднакви права според заслуга и работа и образование, а не според протекционизам, заштита на ,,своите" и ставање на клучни позиции на неспособни и лити кадри!!

Негативната селекција за гласови да биде ,,МРТВО СЛОВО" а не репер за секој млад човек.

И после ни бегале младите??

Па што да бараат тука??  

   За вас не знам, ама МОЈАТА Лична борба за професионализам во здравството конкретно, ПРОДОЛЖУВА!

    Продолжете и вие колеги, секојдневно да се борите за своите права и за достоинство!

За подобри работни услови, за вреднување на оваа хумана професија и за носење на Закон кој ќе не заштити!

Борбата продолжува!

Честит меѓународен ден на трудот!

17744

Гоце Марков-Дипломиран здравствен работник;Спец.по Семејна и Патронажна медицина