Вторник, 04 Мај 2021    Печати
Приоритет на Зоран Заев и неговата Влада се тендери, криминал и лично богатење

         2a 2

Центарот за комуникации на СДСМ е одлепен од реалноста како нивниот шеф Зоран Заев, реалноста е дека задоцнетите мерки затворија над 6.200 компании

Центарот за комуникации на СДСМ е одлепен од реалноста како нивниот шеф Зоран Заев.

Лагите брифирани од центарот за комуникација на СДСМ не поминуваат кај граѓаните.

Задоцнетите економски мерки на власта затворија над 6.200 компании.

Задоцнетите економски мерки оставија над 60.000 граѓани на улица.

А, дека економските политики на власта се катастрофални говори и фактот дека јавниот дoлг е проектиран да порасне и до над 65% од бруто домашниот производ.

Со Владата на Зоран Заев Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата.

Владата на Зоран Заев е најнеспособната економска влада во Република Македонија.

Очигледно е дека приоритет на Зоран Заев и неговата Влада се тендери, криминал и лично богатење.