Четврток, 06 Мај 2021    Печати
Александар Пандов : На 9 мај во 12 часот во Македонскиот град Херој, градот Прилеп, во ,,Паркот на Ревулуцијата”
1pri
 
Браќа и сестри, во чест на 9—Мај ,,Денот на победата над фашизмот”, а во организација и во име на Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ ,,Гоце Делчев”, ве поканувам сите горди Македонци да им се заблагодариме на храброста и саможртвата на Македонските партизани, поради чие херојско дело нашата Македонија и Македонскиот народ сме запишани во светската и европската историја како Антифашисти.
 
 
Да дојдете во Македонскиот град Херој, градот Прилеп, во ,,Паркот на Ревулуцијата”, кај ,,Могилата на непобедените” на 9—Мај во 12 часот во недела, да им се поклониме на Прилеп и прилепчани за жртвата која ја дале за слободна и независна Република Македонија.
 
Оваа чест во недела во Прилеп со нас ќе ја сподели и предводникот на најновата битка на нашата генерација, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Д-р Христијан Мицкоски.
 
Браќа и сестри, дојдете сите заедно сплотени и обединети да се заколнеме дека ќе направиме се Македонија повторно да ја ослободиме, а притоа и за да му кажеме и покажеме на Заев и СДС дека во вените на нас Македонците тече крвта на Македонските комити и партизани, а не на ,,администратори” !!!
 
#СлободаИлиСмрт
#СмртНаФашизмотСлободаНаНародот
#МакедонскаПролет