Вторник, 25 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Ламбе Арнаудов: Како десертот на НКВ Кралицата Елизабета II ӣ помогна на МАКЕДОНИЈА

1 Lambe

Ламбе Арнаудов

Кога ќе кренеш рака, макар и на најслабиот добро наоружај се, не се знае каде се крие храброста која е пресудна за секоја извојувана победа, без оглед на силата на противникот.

Во зародишот на независноста на Република Македонија кога се јави потреба од широко меѓународна афирмација на сите атрибути што значат признавање на самостојноста на новосоздадената држава, во првиот плуралистички парламент бев избран заедно со почитуваните колеги Никола Попоски и Мухамед Халили како делегат во Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Покрај другите обврски станав и член на најважната комисија за Македонија во тоа време и околности, Комисијата за земји не членки на Советот на Европа.

Пракса беше секој нареден состанок на Комисијата да се одржува во друга држава, но скоро никогаш не во земја не членка.

Активно следејќи ја работата на Комисијата се решив да ја искористам позицијата во ова работно тело и на тој начин да ја задоволам мојата желба како и на останатите членови на делегацијата и да предложам една од идните седници да се одржи во мојата татковина. Ги запознав со идејата Мухамед и Никола но и секретарот на комисијата Никола Тодороски, иако беа изненадени и со благ песимизам ми дадоа безрезервна поддршка.

Веднаш по промовирањето на мојата идеја пред комисијата започна пеколот за мене, што не беше толку страшно, но и за мојот народ, нашата татковина и сите граѓани. Подбивање, навреди, резервираност за капацитетот за исполнување на обврските за и кон стотина званици.

Имаше и такви “глупости“ што дури ме прашуваа дали треба да понесат храна, пиење со себе, како од кога ќе стигнат со авион во Белград, како понатака до Охрид (мој предлог за град организатор). Дали ќе сме патувале со пајтон, кочија? Колку месеци ќе им биле потребни да патуваат за да стигнат до Охрид бидејќи од мене немале информација колку би траело патувањето со кочија.

Имаше и други непринципиелни вулгарности на сметка на мојата татковина кои се срамни да се запишат со што кај мене уште повеќе ги разгореа желбата, инаетот, пркосот да го оствариме невозможното.

Нејсе, по скоро две години од мојот предлог Комисијата закажа состанок во Лондон во Бакингемската палата, каде што домаќин беше претседателот на Комисијата, Англичанец кој сожалувачки ми беше поблагонаклонет од другите.

Кога на влезот во Палатата при проверката застанав пред обезбедувањето, домаќинот излезе да пречека други “поважни“ гости, ме виде мене и им дофрли на луѓето од обезбедувањето: „Добро претресете го, доаѓа од ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА.“ Веднаш настана гробна тишина и јасна спремност за брутална интервенција на обезбедувањето, што е нормално. За среќа домаќинот увиде брзо дека претера и рече дека се шегувал.

Кога почна свечено работната седница јас бев најкомотен, никој со мене не разговараше, бев невидлив дури и за делегатите лево и десно од мене кои свртени со грб разговараа со своите соседи.

Заврши главната вечера и тогаш дојде неговото величество ПРЕСВРТ. Имено, традиционално на такви свечености за десерт се служи омилениот десерт на Кралицата, голема варена крушка во вино прелиена со карамел и други зачини.

Со почит и церемонијално истовремено од сите се пристапуваше кон засладувањето и кога сите гости почнаа, јас останав исправен и далеку од чинијата. Настана тешка мачнина помешана со прекор и лутина, по што домаќинот ме праша: „Што е, можеби не ти се допаѓа десертот на нашата Кралица?“

Не. Но, нешто десертот многу ме потсетува на бомбите со кои јас како терорист се служам - одговорив на силно запрепастување на сите.

Тогаш, џентлменски, домаќинот ја призна сопствената грешка и им објасни на останатите делегати за случката оправдувајќи ме мене за таквата реакција, ми се извини и мене и на мојата партија, а најмногу на македонскиот народ и Македонија.

Потоа дојде топлиот коњак, томпусите, напнатоста попушти и во релаксирана атмосфера почнавме со работа.

Бидејќи предлогот сé уште беше на маса ми дадоа збор при што ги прашав сите.

Дали јас сум меѓу вас дојден на ист начин, претставувам ли народ и држава како вас, имаме ли и ние регуларни и демократски избрани институции, парламент, влада, министри, дипломатија и сé друго? Што сте вие поразлични од мене и што ве прави повредни од останатите во Храмот на еднаквоста, продолжив. На делегатот кој праша дали ќе доаѓа со пајтон од Белград до Охрид му предложив да го земеме со хеликоптер од дома со сопругата и миленичињата да го однесеме до аеродром, со авион до Охридскиот аеродром повторно до вилата со истото превозно средство хеликоптерот. На крај ги замолив да се јават на своите сопруги и да им пренесат дека едно глупаво момче ги кани и вашите поубави половини да дојдат во Охрид и да ја имаат таа привилегија да го видат рајот пред да умрат.

Само после десетина минути одлуката за Охрид домаќин на следната седница беше акламативно донесена на предлог на најскептичниот делегат. Домаќинот призна дека притисокот од нивните сопруги бил пресуден, на што јас одговорив дека не само во мојта Македонија туку и овде и секаде во светот жените се попаметни од мажите.

Да завршам, на отворањето на работната седница во Охрид во присуство на највисоките претставници на државата што топло ја поздрави претседателот на Собранието на Советот на Европа признаа дека го виделе рајот пред да умрат како што ги убедуваше нивниот колега.

Така почна нашиот трновит пат по често невидливите ходници и сали, омаловажување од одредени личности за целосно признавање на независноста и сувереноста на Македонија кое за жал сé уште трае. Зошто? Нека послужи делумно и овој пример.

Почитувани сограѓани, кога е во прашање нашата татковина не се плашете од својот противник, наоружајте се со љубовта и патриотизмот кон Македонија, тоа се вистински вредности, лични ваши што во пресудниот момент ќе ве направат ГОСПОДАРИ НА СИТУАЦИЈАТА, а ГОСПОД ќе ве награди со амбиент поволен за триумфална победа на правдата и вистината.

ПРАВДА И ВИСТИНА КОЈА МАКЕДОНИЈА ТОЛКУ ДОЛГО ЈА ПОСАКУВА И СО ПРАВО И ПРИПАЃА

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.