Четврток, 27 Мај 2021    Печати
СДСМ наместо да ги копира изјавите на Вице Заев треба да се огради од него

191877

СДСМ треба да го осуди Вице Заев за рекетот, вака се само портпароли на една приватна компанија на Заеви

Самиот факт што СДСМ  му е портпарол на еден лик како Вице Заев , говори дека  таа партија е претворена во приватна фирма на Заеви.

СДСМ наместо да ги копира изјавите на Вице Заев треба да се огради од него.

Очигледен е криминалот кој е направен во РЕК Битола.

Очигледно е дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра од бизнисмен и за тоа постои пријава.

Исто така очигледна е спрегата власт на Заев, обвинителство и полиција, бидејќи се гледа дека таа пријава е менувана се со цел да не стои името на Вице.

Очигледно се потврдува изјавата дадена пред суд дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

И покрај тоа што ги води аболициран криминалец, СДСМ треба да се охрабри и да му се спротивстави на Зоран Заев.  Вака се окупирана партија која не може да се ослободи од криминалот на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ