Четврток, 27 Мај 2021    Печати
Кога Заев се договара, губи цела Македонија

1Vice z1

Заев да соопшти дали подготвува ново национално предавство и отстапување на македонската историја

 
Каков договор има Заев за историјата со Бугарија?

Зоран Заев мора да и соопшти на целата јавност вистината за распродавањето на македонската историја и идентитет. Заев мора да признае каков договор направил за Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил?Заев треба да престане да се фали дека успеале „да се договорат“ за пет историски личности и три историски периоди со Бугарија, а во исто време не кажува каков е договорот. Дури и најави дека следен за „решавање“ бил Гоце Делчев. Ова е јасно признание дека се преговара за идентитетски прашања и продолжува промената на идентитетот. Македонските граѓани добро знаат дека кога Заев се договара, губи цела Македонија.Бараме Зоран Заев пред целата јавност да соопшти што се договориле за просветителите, Цар Самоил и Гоце Делчев, односно дали подготвува ново национално предавство и отстапување на македонската историја на Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ