Среда, 02 Јуни 2021    Печати
До кога локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Дарко Блажески ќе останат глуви на барањата на локалното население

19597

До кога локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Дарко Блажески ќе останат глуви на барањата на локалното население што живее во подшарпланинските села и од кои впрочем има добиено доверба?

Со давањето на позитивно мислење од страна на Советот на општина Јегуновце предводен од СДСМ на Министерството за животна средина за прогласување на Шар планина за национален парк без да се организира најобична средба и се слушне размислувањето и предлозите на локалното население преставува преседан со која на локалните жители им се кратат основните човекови права, односно правото за слободно движење на просторите каде што со векови живеат и творат, но и ограничување за стопанисување со приватните имоти кои ги поседуваат на тие простори.

Одговорност мора да има!

Законското решение е хартија која трпи измени и предлозите на локалното население мора да се земат во предвид, а за ваквото игнорирање на локалните жители казната ќе пристигне на наредните избори.

Вмро-Дпмне О.К. Јегуновце