Петок, 25 Јуни 2021    Печати
За прв пат во историјата на Хокеј на мраз во Македонија потпретседател на Федерацијата е Улус Луш по националност Турчин роден во Гостивар

2ulus

За прв пат во историјата на Хокеј на мраз во Македонија потпретседател на Федерацијата е Улус Луш по националност Турчин роден во Гостивар а Претседател е Никола Тасев.

Улус Луш има завршено гимназија во Истанбул-Турција а факултет има завршено во Анкара. Инаку Улус Луш е активен и има контакти со странски инвеститори пред се Турски фирми.

202412178 532580484844865 8619557992698135686 n

Хокејот во Македонија е донесен во 50-тите години на минатиот век од страна на македонци кои студирале, работеле или живееле во тогашната Чехословачка. Се до 1969 год. кога Скопје ја доби организацијата на Светското првенство во хокеј на мраз за Ц група, натпреварите на тогашната екипа Скопје се одигрувале на лизгалишта ширум тогашната Југославија, а претежно во Белград на лизгалиштето Ташмајдан.

По одржувањето на Светското првенство, се формираше ХК Вардар и почна со собирање и селектирање на младинци кои требаше да ги наследат старите хокеари. Така се формира младински клуб кој што се натпреваруваше во втората хокеарска лига на Југославија, исто како и сениорската екипа.

Младинците бргу напредуваа во учењето на хокеарските вештини и во раните 80-ти години еднаш беа вицешампиони на Југославија ( Крањска Гора беше првак), а наредната година беа трети и во борбата за трето место ја победија екипата на Цеље.

Сениорската екипа на ХК Вардар во 1986 година стана првак на Втората лига и автоматски се квалификуваше во Првата лига. За жал, заради административна грешка со членските книшки, ХК Вардар беше дисквалификуван и не стана член на првата хокеарска лига на Југославија.

Тоа што не му успеа на ХК Вардар, му успеа на ХК Скопје. Во периодот од 1987-1989 година таа екипа играше во првата Југословенска лига, се до распадот на Југославија.

1Hokej

Од 1990 па се до 1999 година беше период на непостоење на хокеарската федерација на Македонија. Тогаш на иницијатива на неколку вљубеници на хокејот се направи основачко собрание во просториите на градскиот сојуз на спортови, се избра Претседател Никола Тасев и продолжи традицијата.

Повторно, за жал, во 2002, хокеарската федерација беше избришана од регистерот на спортови во наредните 4 години.

Во 2006 година конечно федерацијата застана на цврсти нозе и почна да собира млади вљубеници на лизгалиштето на Кале, со што повторно се почна од нула.

Федерацијата се обврзува кога ќе се изгради игралиште а партиципира со техничка помош, опрема и организација на екипи од 5-те училишта во околината на тоа прво игралиште за инлајн.

Исто така, на тоа игралиште федерацијата ќе го развива и STREET хокејот, каде што играчите се со патики а имаат опрема исто како за ИНЛЈН хокеј.