Недела, 27 Јуни 2021    Печати
Победничкиот говор на овогодинешната ораторска вечер организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ
20jov
 
Честитки Богдана
 
 
МЛАДИНATA ЗА МАКЕДОНИЈА
Секој ден нови места, нови другари, нови познанства - убави предели реки и
долини, преубава земја која гордо ја нарекувам татковина. Така израснав, така и ден
денес ме учат - Македонка!
Сакам да фантазирам, да играм, да мотивирам, сакам не само јас туку сите ама
баш сите да се среќни, безгрижни - Да уживаат во ова што го имаме денес, бидејќи ова
што го имаме е благодет!
И знам,знам дека не сум само јас вака учена, не сум само јас вака израсната - ова
е постојана приказна на сите генерации кои раснат во Македонија, затоа и ме
изненадува кога понекогаш ќе налетам на оној еден муабет:
Тешко е, Лошо е - политика, политичари и на крајот ”можеби другде е поубаво,
полесно”.
Следува прашалник а знам и вие тоа го мислите - зошто?
Од она што го учиме никогаш не било лесно, никогаш убавини не сме виделе.
Различни душмани, различни политичари, окупатори или па самонаречени
ослободители. Секогаш некој сакал да ни даде “полесно” а всушност сака да го земе
она што за нас, барем според мене е најсвето - нашата татковина.
Tука сме, свои на своето, зар се нема доверба во нашиот народ. Hемаме доверба
во самите себеси, доверба во нас, децата на ова ново време. За кого раснеме, за кого
учиме, за кого да твориме ако не за нашата земја - зарем ние се ќе даваме на други,
зарем се Македонија ќе остане да чека од други.
Не се согласувам, знам дека не е лесно но и не треба да е лесно - треба да е
тешко, најтешко.Па нели крајот го краси делото а ние еве уште сме деца, младинци. Зар
ние ке немаме генерациска цел, генерациска должност - генерацијски успех?
Да бидам директна -
Можеби денес не сме оние кои некогаш сме биле - Народ, кралство, прва република на
Балканот - луѓе кои го споиле небото и земјата во име на мајка Македонија - Но ние сме
тие кои сме
Луѓе од крв и месо на кои срцата им се исполнети со еднакви желби,Еднакви
љубови,Еднакви битки. Денес можеби малку послаби - Или можеби изморени.
Изморени од времето,Изморени од битките, Изморени од херојствата и саможртвата
Но сеуште сме тука, истите оние со силна воља за Живот, за нова Слобода.
Оние кои никогаш не потклекнале, не се предале, не наведнале глава.
Да!
Ние непокорот,вулканот спремен да еруптира, ние Тука и сега
Мојата генерација,Твојата генерација,Пркостта на времето- Македонците
Е затоа, затоа нештото што ние младите ке го покажеме е и ќе остане со едно име -
Македонија!
Ние твориме, сон.
Ние градиме, реалност.
Ние создаваме, иднина
- тоа е нашата цел, нашата должност!
- И ќе создаваме, со љубов.
Не дека љубов нема, но Ке покажеме јасна и недвосмислена љубов. Љубов кон
ближните, кон подалеките но пред се љубов кон татковината.
И Да не мислите дека не можете, дека не можеме.
Не, не верувам дека е така, бидејќи знам - Знам дека можете, можеме да ја покажеме
нашата славна Македонија!
Сите вие ја имате во вашата крв како што ја имам и јас, брат ми, другарка ми, сите, да
сите.
Е Затоа сега, сега треба да создаваме, прво да ја нацртаме а после како архитекти и
градители да ја изградиме - Македонија на нашата генерација.
Зошто ај да прашам пак?
Да градиме туѓо?
Да твориме во туѓина?
Зарем не дадовме доволно на другите?
Па имаме ли уште да даваме на други а на наша сметка?
Затворете ги очите, на момент само ве молам затворете ги очите за да видите она што
знам дека го гледате како мене.
Ја гледате ли? Ја гледате секако!
Е затоа ние знаеме каква може да е Македонија, знаеме каква може да стане и
баш таа Македонија ја градиме. Таа е тука, на прагот е и не треба многу време, ние
раснеме и додека раснеме ја твориме, ја цртаме и ја создаваме.
Нога до нога, збиени и следете ме, јас знам дека со нас младите се е можно. Можно е
кога сме Заедно, можно е затоа зошто така сме Појаки, можно е затоа зошто така сме
Македонија!
 
20jov2
 
Богдана Механджијска УМС ВМРО-ДПМНЕ Куманово