Вторник, 29 Јуни 2021    Печати
ВО СЕЌАВАЊЕ НА ДЕНОТ НА РАЗДЕЛЕНИТЕ!!!

20236

Делегација на здружението „Форум за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија-Скопје, на 1 јули 2021 година (четврток) со почеток во 10.00 часот ќе положи свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци - жртви од Граѓанската војна во Грција во Паркот „Жена Борец“ во центарот на Скопје.

Првата светска средбата на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во далечната 1988 година му покажа на светот дека благодарение на Република Македонија можеме официјално да си ги побараме нашите човечки и национални права. Манифестацијата имаше хуманитарен карактер.

Спомен обележје со ликовна изведба на мајка страдалник со деца беше свечено откриено на 1 јули 1988 година во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје пред неколку десетина илјади граѓани, деца бегалци и видни раководители од Република Македонија.

Бидејќи Македонците од егејскиот дел на Македонија беа разделени преку граници и мориња го направија споменикот во Скопје за да ги оживеат годините дески и младешки како и спомените кои ќе ги вратат дома крај родното огниште. На полагањето цвеќе на Споменикот на децата бегалци ги покануваме сите кои и покрај новонастанатите услови на КОВИД 19 пандемија им дозволуваат здравствените можности да изразат почит на насилно протераните и жртви од Граѓанската војна во Грција.

Поканети се сите Македонски партии и здруженија и здруженијата кои припаѓаат на Сојузот на здруженија на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.
Сите заинтересирани подетални информации можат да добијат на телефоните: 

075 823941 и 075 959328.