Четврток, 22 Јули 2021    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ : Со концептот „Македонија за сите луѓе" ќе обезбедиме плати од 750 евра за граѓаните

1Micko220

На вчерашната промоција на концептот „Македонија за сите луѓе" во Карпош, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посочи планот на партијата како да се обезбеди просечна плата за граѓаните на Република Македонија од 750 евра или 45.000 денари.
 
ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе промовира еден нов пристап кон решавање на економските проблеми, односно ќе понуди решенија кои ќе бидат навистина привлечни и реални за граѓаните, се со цел да го подобрат нивното секојдневние и нивниот животен стандард. Една од првичните е трговијата со криптовалутите, која што ќе им овозможи на младите луѓе побрз и поефикасен трансфер на финансии, а со тоа македонските граѓани ќе бидат директно инволвирани и запознаени со европските и светските трендови на функционирање, истакна Мицкоски.
 
Тимот на економисти во ВМРО-ДПМНЕ  долг период разработува и концепира еден нов процес на зголемување на просечната плата во државата, односно работат докажување на теоријата за зголемување на просечната плата во државата, базирана на факти и аргументи. Концептот "Македонија за сите луѓе" е концепт кој се заснова на одредени постулати кои што се во тесна корелација со издржаните факти и точните пресметки како граѓаните да стигнат до 45.000 денари просечна плата, додаде Мицкоски.
 
Наместо Република Македонија да биде земја која што ќе биде лицето на криминалот и дрогата, како што Владата сака да ја претстави пред светот, ВМРО-ДПМНЕ во новата програма ќе го објасни и обзнани концептот за трговијата со криптовалути и учеството на пазар тежок половина милијарда евра. Тоа значи половина милијарда евра во буџетот, образованието, здравството, земјоделието, повисоки пензии, повисоки стипендии за студентите и задржување на младата популација тука во Македонија, рече Мицкоски.
 
Мицкоски додаде дека иднината е дигитализацијата и трговијата со криптовалутите, односно вмрежување во трансакции со целиот свет и учество на најголемиот економски пазар во светот, кој е далеку поголем од многу гиганти од типот на Фејсбук. Република Македонија мора да оди кон иднината и агресивно да граби од она што се случува во модерниот свет и тоа искуство да го практикува во земјата, рече тој. 
 
Додека Владата предводена од СДСМ на дрзок и бескрупулозен начин со европско знаменце сака да изгласа легална продажба и извоз на опојни дроги, односно овозможување богатење на неколку луѓе блиски до семејството Заеви, ВМРО-ДПМНЕ нуди реален проект и концепт кој кај граѓаните со сигурност ќе донесе над половина милијарда евра. Тоа ќе бидат пари кои граѓаните ќе ги почувствуваат во сите сфери на општеството, додава Мицкоски.
 
ВМРО-ДПМНЕ во овој момент во позиција на опозиција ќе предложи закон кој ќе овозможи легална трговија на криптовалути во државата, што ќе придонесе за далеку поголемо трансферирање на средства во државата, а кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата да ја предводи Владата на Република Македонија, ќе овозможи непречено чување и трансферирање на криптовалути, заврши Мицкоски.
 

На прво место

News image

Засрами се Љупчо Палевски – Палчо

Палчо и се‘ е можно. Предавник може да Ви биде само роднина, пријател, соборец, „истомисленик...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.